септември 14, 2011
Рип Кирби
Рип Кирби e стрип креиран од страна Алекс Рејмонд, оригиналниот создавач на Флеш Гордон.
Кога се вратил од служба по втората светска војна, Рејмонд открил дека синдикатот му го дал Флеш на друг уметник и нема да дозволи Рејмонд си го земе назад.
Како утешна награда, понуден му е многу подобар финансиски договор, ако може да излезе со нов стрип.
По неколку консултации со редакцијата, тој избира да создаде детективски стрип, со човек кој е комбинација на софистицираност и цврстина, а исто така многу модерен и “кул”.
Рип Кирби беше човекот со многу таленти: спортист(шахист и голфер), научник, аматер (подоцна и професионален) приватен детектив и одликуван маринец резервист.
Ефикасна помош добиваше од својот британски прислужник Дезмонд, поранешен разбивач на сефови и ситен крадец .
Голем број атрактивни млади жени дефилираат низ стрипот но Рип е романтично заинтересиран само за русокосата манекенка Хани Дориан.
Нејзината најчеста ривалка е Паган Ли, црнокоса мафијашка која се реформира за љубов на Рип и станува филмска ѕвезда под името Медлон.
Почнувајќи од 1946 година стрипот живее 53 години (иако Алекс Рејмонд починал во 1956 година).
Рип Кирби беше популарен стрип и еден од моите омилени стрипови во Политикин Забавник .
Си немал работа оџата и закачувал сликички на блог.мк.Убиствено
Во продолжени е епизодата Нова Атлантида .На Линкот ТУКА повеќе за Рејмонд и Рип на англиски.
Filed by gоse at 12:13 am under стрип Tagged Рип Кирби
17 Comments






















































